ЕУ ќе се ослободува од бензинците и дизелашите, а има и план како

ФОТО: EPA/TORE MEEK NORWAY OUT

Автомобилите на бензин и дизел гориво заминуваат во историјата. Иднината е во електричните возила. Затоа Европската Унија в среда ќе предложи стратегија со која во следната деценија ќе постигне јаглеродна неутралност во борбата против климатските промени, пишува Индекс.хр.

Во Европа се лоцирани многу престижни фабрики за автомобили кои доминираат во автомобилските иновации. Но, автомобилите кои се главно превозно средство за Европејците се најголем виновник за стакленичките гасови.

Затоа, ЕУ во 2020 година зацрта цел да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.

На 14 јуни Европската комисија би требало да ги предложи новите прописи за постигнување на оваа цел, а според повеќе извори, се разгледува целосно укинување на автомобилските емисии до 2035 година.

Електричните возила се единствена варијанта која може да го исполни тој услов и практично ќе бидат единствените дозволени превозни средства на сосема новиот пазар.

Во моментов, на автомобилскиот пазар кој е тешко погоден од пандемијата, електричните возила добро напредуваат. Во западна Европа од сите регистрирани возила сега 8 отсто се на електричен погон.

Но, како и при секоја поголема промена мислењата се поделени. Повеќето земји-членки на ЕУ сметаат дека пребрзата електрификација на возилата ќе им ја зголеми цената и ќе уништи многу работни места за сметка на кинеските производители, кои, пак, се далеку напред пред Европејците со оваа технологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот