ЕУ ќе му помогне на Нагорно Карабах со пет милиони евра

Егзодус од Нагорно Карабах / Фото EPA-EFE/NAREK ALEKSANYAN

Европската унија ќе обезбеди вкупно пет милиони евра хуманитарна помош за луѓето погодени од конфликтот во Нагорно Карабах, објави ЕУ.

„Мораме да бидеме подготвени да ги поддржиме илјадниците кои решија да го напуштат Карабах, особено затоа што претстојната зима најверојатно ќе ги изложи бегалците на дополнителни предизвици“, рече европскиот комесар за кризи Јанез Ленарчич.

„Европската унија драстично ја зголемува својата хуманитарна помош во регионот за да обезбеди итна помош на оние на кои им е потребна, како во енклавата Нагорно-Карабах, така и на луѓето сега раселени во Ерменија“, додаде тој.

Минатата недела комисијата ја објави првата транша помош од 500.000 евра. Брисел се надева дека финансиската поддршка ќе им помогне на околу 25.000 луѓе во регионот, преку обезбедување финансиска помош, засолниште и храна преку хуманитарни организации кои се активни на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот