ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, денеска изјави дека Унијата ќе ја зголеми воената помош за Украина, откако американскиот Конгрес доцна синоќа усвои привремен закон за финансирање во кој не се споменува помош за Украина.

Борел на прес-конференција за време на неговата посета на Киев рече дека за време на „егзистенцијална закана за Европа“, ЕУ сака да ја зголеми воената помош за Украина. Тој го изјави ова по неговата прва средба со украинскиот министер за одбрана Рустемов Умеров, кој беше назначен минатиот месец.

„Да почекаме и да видиме што ќе се случи во САД, но од наша страна ќе продолжиме да ја поддржуваме и да ја зголемуваме нашата поддршка“, рече Борел, на прашањето за гласањето во Вашингтон.

„Украинците се борат со сета своја храброст и капацитет“, рече тој. Ако ЕУ сака тие да бидат поуспешни, додаде тој, „мораме да им дадеме подобро и поголемо оружје“.

Во изјавата објавена на X, Борел рече дека Унијата се подготвува за „долгорочни безбедносни обврски кон Украина“. Тој на прес-конференција рече дека се надева оти земјите-членки ќе донесат одлука за зголемување на помошта „пред крајот на годината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот