ЕУ: Кина да ја почитува автономијата на Хонгконг

Во Кина на седница на Парламентот вчера беше поднесен предлог-закон за национална безбедност во Хонг Конг, град кој има статус на полуавтономија.

Европската унија ја повика Кина да ја „почитува автономијата на Хонгконг “во декларација усвоена од 27 земји-членки по објавувањето на Пекинг на нацрт-закон за зачувување на националната безбедност на Хонг Конг.

„Европската унија придава големо значење на одржување високо ниво на автономија за Хонгконг, во согласност со фундаменталниот закон и меѓународните обврски, како и со почитување на тој принцип”, нагласи шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во декларацијата во име на ЕУ-27.

Во Кина на седница на Парламентот вчера беше поднесен предлог-закон за национална безбедност во Хонгконг, град кој има статус на полуавтономија.

Тој потег на Кина следува по неколкумесечните продемократски протести минатата година, кои понекогаш беа насилни и судирите меѓу полицијата и демонстрантите, што е најголемата криза во градот, откако беше вратен на Кина во 1997 година, по децении британско колонијално владеење.

Предлог-законот, еден од најконтроверзните точки на агендата на Националниот народен Конгрес во последните години, предизвика силни критики од американската влада и организациите за човекови права, како и продемократските пратеници од Хонгконг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот