ЕУ ќе вложи повеќе од 80 милиони евра за подобрување на воздухот во Косово

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Европска Унија ќе вложи повеќе 80 милиони евра за подобрување на квалитетот на воздухот во Косово.

Приштина се гуши од загадувањето на електраната на јаглен, греење на јаглен и дрва, како и поради старите возила.

Луиџи Бруса од Канцеларијата на ЕУ во Косово изјави дека воздухот во Приштина е сличен како во Пекинг, кој е еден од најзагадените градови во светот.

Децата денеска носеа маски во Приштина, а за да укажат на проблемот, маски беа ставени и на спомениците на Мајка Тереза и на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.

Чадот од електраната Косово Б во Обилиќ создава вообичаен облак над Приштина.

Брисел потпиша Договор за вложување на 76 милиони евра во обнова на постројките, почнувајќи од мај следната година, со цел да се намалил прашината што ја испуштаат.

ЕУ, исто така, вложува седум милиони евра за зголемување на капацитетот на системот за греење Тремокос за 2.000 домаќинства односно за околу 10.000 луѓе, вклучително и училиштата и градинките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот