ЕУ ќе расправа за вакцинални потврди, СЗО предупреди вакцината не смее да биде услов за патување

Знамето на Европската унија
Знамето на Европската унија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

На Самитеот на Европската унија денес ќе се расправа за забрзување на вакцинацијата, несогласувањата околу затворените граници и воведување на патни потврди за вакцинација.  Членките на ЕУ се длабоко поделени по прашањето за воведување на  „вакцинални пасоши“, а пред состанокот во Брисел растеше притисокот од групата која се залага за издавање на такви потврди во Унијата., пишува српски Блиц.

Некои држави межу кои Грција, Шпанија, Данска, Шведска, а неодмана и Австрија бараат брзо усвојување на ЕУ потврдите за оние кои веќе се вакцинирани за да може слободно да патуваат и со тоа да помогнат на економијата да застане на нозе.

Но, Германија, Белгија, Франција, Холандија и Германија не ја поддржуваат таа идеја, бидејќи одлуката за „вакцинални пасоши“ би значела дискриминација кон луѓето, кои од одредени причини не можат или не сакаат да се вакцинираат и не сакаат брзи одлуки.

Франција, каде антивакциналното движење е многу силно, вети дека нема да ги принудува гражаните да се вакцинираат и смета дека идејата со „вакцинални пасоши“ е прерана.

Според СЗО вакцинираните луѓе не смеат да ги заобиколуваат патните ограничувања поставени за да се спречи ширењето на вирусот бидејќи има многу непознаници за ефикасноста на вакцините при спречување на пренос на вирусот. 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот