ЕУ ќе преговара за набавка на 1,8 милијарди вакцини од „втора генерација”

Вакцината на „АстраЗенека“ против ковид/ Фото EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Европската унија  ќе почне преговори за набавка на 1,8 милијарди дополнителни дози од „втора генерација” вакцини против коронавирус, изјавија за западни медиуми извори блиски до Европската комисија.

Според нив, вакцините ќе бидат ефикасни против идните соеви на коронавирусот.

Европската комисија сака да склучи договор за набавка на 900 милиони дози вакцини со опција за дополнителни 900 милиони дози.

Дополнителни дози од добавувач ќе бидат доставени во 2022 и 2023 година. Тие ќе бидат надвор од 2,6 милијарди дози вакцини што веќе ги обезбеди Комисијата за оваа и за следната година, рече изворот.

Кампањата за имунизација на ЕУ зема замав откако се испорачани повеќе од 100 милиони дози вакцина. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, вкупно 104 милиони дози се испратени во земјите на ЕУ и Европската економска област, што значи 27,7 дози на 100 лица. За споредба, досега се испратени 82 милиони дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот