ЕУ ќе набавува респиратори за болниците од „Филипс“

Европската комисија во март почна заедничка програма за набавка на медицинска опрема во име на 25 земји од ЕУ, преговарајќи и потпишувајќи нацрт договори со добавувачите.

Холандскиот производител на електронски уреди „Филипс” потпиша договор со Европската унија за купување респиратори за болници во Европската унија, соопштија денеска портпароли на ЕК и на компанијата.

– Можам да потврдам дека Филипс потпиша рамковни договори со Европската комисија за снабдување со респиратори во согласност со заедничката спогодба за набавки на ЕУ, рече портпаролот на Филипс.

Запрашан за договорот со Филипс, портпарол на Европската комисија потврди дека биле склучени договори со холандската компанија и други, но одби да ги именува другите компании што победиле на тендерот затоа што постапките се уште не биле завршени. Тој одби да ја коментира цената.

Европската комисија во март почна заедничка програма за набавка на медицинска опрема во име на 25 земји од ЕУ, преговарајќи и потпишувајќи нацрт договори со добавувачите. После тоа, владите можат да испраќаат порачки. Заедничката јавна набавка на респиратори за ЕУ беше покрената на 17 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот