ЕУ ќе ја „затрупа“ со пари Бугарија

Според написот во бугарскиот медиум „Новините“, премиерот Бојко Борисов изјавил дека е многу голем оптимист во врска со плановите за економско закрепнување што го финансира Европската комисија.

„29 милијарди евра се издвоени за нашата земја од Европската унија за да се израмни штетата и да се ублажат последиците од пандемијата. Тоа се 60 милијарди лева што ќе дојдат во нашата земја во следните години, од кои 50 милијарди лева се грантови“, најавил премиерот Борисов за време на инспекцијата на градежните работи на автопатот Тракија.

Како што пишува „Новините“, за првпат ЕУ и предвидува на Бугарија ваква значителна сума за да и помогне на земјата да се излечи од кризата предизвикана од пандемијата. Според зборовите на премиерот Борисов, ова ќе осигури дека каква и да е владата по изборите, програмата за инвестиции на државата нема да биде запрена.

Според изјавата на Вицепремиерот, во текот на следните пет години Бугарија ќе може да го удвои обемот на јавни инвестиции во инфраструктура, железници, дигитално поврзување, енергетска ефикасност, но пред сè, за директни инвестиции во бизнисот.

Засега останува непознато дали од овие средства Бугарија ќе издвои средства и за коридорот 8 со Македонија, како еден од условите од Договорот за добрососедство.

Во однос пак, на ковид-кризата, Борисов рекол: „Јас сум убеден дека, откако толку многу луѓе се опоравија од Ковид, ние ќе бидеме првите во ЕУ што ќе излезат од пандемијата. Вакцинираме со полна пареа!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот