ЕУ ќе ја преполови употребата на пестициди

Пристапот на ЕУ кон стандардите за храна и заштита на животната средина придонесе земјоделството да претставува пречка во трговските договори, најмногу со САД.

Со нова стратегија ЕУ сака да го намали производството со употреба на пестициди, а европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчеховски истакна дека увозот на производи третирани со овие отрови треба да биде забранет во Европа.

Земјоделците од државите членки на ЕУ се соочуваат со потешкотии да најдат активни супстанции и производи за заштита на растенијата и увезуваат производи од други земји, што се третирани со исти хемикалии, но се забранети во ЕУ.

Пристапот на ЕУ кон стандардите за храна и заштита на животната средина придонесе земјоделството да претставува пречка во трговските договори, најмногу со САД.

Податоците од минатата година покажуваат дека, една четвртина од пестицидите и сродните производи што се користат во САД се забранети во ЕУ, односно околу 400 милиони тони колку што САД користи годишно, нешто повеќе од сто тони не се дозволени во ЕУ.

Европските земјоделци, активистите за животната средина и дел од политичарите, долго време ја критикуваат ЕУ поради недоследност во примена на истите правила за увоз на прехранбени производи, како што се генетски модифицираните производи (ГМО).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот