ЕУ ќе ја купува и вакцината на „Санофи” и „ГСК”

Европската унија се согласи да купи потенцијална вакцина против Ковид-19 од Санофи и ГлаксоСмитКлајн во друг ваков договор што има за цел да обезбеди залихи, бидејќи се приближува крајниот рок за пристапување кон програмата Ковакс за еднаков пристап до вакцини.

Според постигнатиот договор, ЕУ ќе купи до 300 милиони дози од британскиот и францускиот фармацевтски гигант, стои во твитот на Стела Киријакидес, европски комесар за здравство.

Санофи и ГлаксоСмитКлајн се надеваат дека вакцината, на која работат заедно, ќе добие дозвола за употреба следната година.

Денешното соопштение ја потврди најавата на овие две компании од 31 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот