ЕУ ќе го зголеми својот придонес за Ковакс на една милијарда евра
Европската Комисија потврди дека попладнево ќе најави дека предлага дупло поголем придонес за механизмот Ковакс, јави дописничката на МИА од Брисел.
Како што изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, оваа најава треба да биде официјализирана денеска за време на состанокот на Г7 од страна на претседателката Урсула фон дер Лајен.
Со овој предлог, придонесот на ЕУ треба да се зголеми на една милијарда евра за Ковакс.
Според истите извори ЕК ќе најави и придонес од сто милиони евра хуманитарна помош за африканскиот континент.
Седумте најмоќни блокови во светот на денешниот Г7 ќе разговараат за помошта за земјите со низок и среден приход во процесот на вакцинација, механизам познат како Ковакс.
За сега Ковакс не е функционален, надежта е дека до крајот на оваа година тој ќе проработи.