ЕУ ќе го води Дијалогот Белград – Приштина „на два паралелни колосека”

Во Брисел денеска ќе се одржи средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти со посредство на Европска Унија, како прв чекор во обновениот Дијалог Белград – Приштина.

Според српската новинска агенција ТАНЈУГ, ЕУ планира од септември да го интензивира Дијалогот и да го води „на два паралелни колосека”.

Едниот „колосек” ќе биде посветен на финализација и конечна примена на сите досега потпишани договори, а вториот е работа на договор за сеопфатна нормализација.

ЕУ истакна дека за продолжување на Дигјалогот извршени се темелни подготовки, договорени се темите, добиена е поддршка од земјите-членки, и како најважно ја истакнува, политичката волја и посветеноста на лидерите во Белград и во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот