ЕУ ќе го казни Лондон за непочитување на договорот за Брегзит

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека Брисел презема правни активности против обидот на британската Влада да ги отфрли одредбите од договорот за Брегзит.

– Утрово, Комисијата одлучи да испрати писмо со официјално известување до британската Влада. Ова е првиот чекор во постапката за повреда, изјави Фон дер Лајен.

– Во писмото е поканета британската Влада да ги испрати своите забелешки во рок од еден месец, додаде таа.

Британскиот предлог-закон за внатрешен пазар е во основата на несогласувањата, бидејќи се крши договорот за Брегзит. Доколку биде прифатен, тоа би било во целосна спротивност со договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот