ЕУ ќе добие повеќе вакцини од АстраЗенека и Фајзер

Фото: mia.mk

АстраЗенека и БиоНТек и Фајзер го зголемуваат снабдувањето на Европската унија со вакцина против коронавирусот, кој ја предизвикува болеста ковид-19.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека британско-шведската компанија Астразенека ќе достави дополнителни 9 милиони дози вакцини против коронавирусот до крајот на првото тромесечие од годината, или уште 40 милиони дози, објави Би-Би-Си. Таа на твитер објави дека компанијата со испорака на вакцините ќе почне една недела порано од предвиденото и дека ќе ги прошири своите производствени капацитети во Европа.

Минатата неделла Европската комисија се спротивстави со компанијата, која најави дека нема да може да ги испорача порачаните количини на вакцината против Ковид 19.  Вакцината на АстраЗенека минатата недела беше одобрена за употреба од Европската агенција за лекови, со што по вакцината на БиоНТек и Фајзер, стана втората која е одобрена и од Американската агнеција за лекови и во ЕУ.

Намалено снабдување со вакцини, поради проблеми со производството минататата недела најави и БиоНТек и Фајзер, кои пак утрово соопштија дека ќе го зголемат снабдувањето со вакцина против коронавирус за Европската унија, ветувајќи до 75 милиони дополнителни дози за Унијата на пролет.

„Фајзер и БиоНтек продолжуваат да работат на зголемување на доставата од 15 февруари, и гарантираат дека ќе го испорачаат целиот износ на дози на вакцини во првиот квартал за кој се обврзале и дополнителни 75 милиони дози до Европската унија во вториот квартал”, се наведува во нивно соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот