ЕУ ја засилува употребата на плазма во лекувањето на Ковид-19

Трансфузијата на плазма се користи и за прочистување на антитела за правење третман против Ковид 19 (имуноглобулин) како краткорочна алтернатива на вакцините.

Европската комисија повика повеќе од 200 служби за собирање крв низ ЕУ да аплицираат за финансирање за набавка на опрема за плазмафереза која овозможува земање плазма од донатори.

Целта на оваа акција е да се соберат резерви и да се поддржи лекувањето на нови пациенти со Ковид-19 со крвна плазма од оздравени лица.

Лекувањето се состои од трансфузија на реконвалесцентна плазма на болни пациенти за да се зголеми имунитетот и способноста за борба против болеста.

Трансфузијата на плазма се користи и за прочистување на антитела за правење третман против Ковид 19 (имуноглобулин) како краткорочна алтернатива на вакцините.

– Реконвалесцентната плазма може да биде ветувачки третман за Ковид 19. Со денешното финансирање, направивме чекор понатаму во собирањето плазма и ги повикувам сите релевантни чинители да го искористат ова. Ние ќе продолжиме да ги истражуваме сите можни опции за поддршка на развојот и пристапот до безбедни и ефикасни третмани на Ковид-19 за заштита на нашите граѓани – изјави комесарката за здравство, Стела Киријакидес.

Претставници на Комисијата наведуваат дека овие грантови ќе бидат достапни за јавни и невладини организации за собирање крв, овластени за собирање плазма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот