ЕУ ја повика БиХ што е можно побрзо да формира власт

фото:профимедиа

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург повторно ги повикаа одговорните во Босна и Херцеговина што побрзо да воспостават влада на државно ниво и во Федерацијата БиХ.

Потенцирајки ја, како што се наведува недвосмислената посветеност на европската перспектива на Босна и Херцеговина како единствена, обединета и суверена земја, Брисел побара БиХ без одлагање да формира влада која ќе почне да работи во интерес на сите граѓани,

Во соопштението на Советот за надворешни работи на ЕУ ја потврди подготвеноста на ЕУ „во оваа фаза да продолжи да го спроведува извршниот мандат на операцијата ЕУФОР Алтеа за поддршка на властите на БиХ за зачувување на безбедно опкружување под обновен мандат на ОН”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот