ЕУ ја потврдува својата поддршка за развојот на иницијативата „Три мориња“

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија денеска ја потврдија својата поддршка за иницијативата „Три мориња“, која ги обединува развојните напори во Австрија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Унгарија, Бугарија, Хрватска и Чешка. Иницијативата ги поврзува 12-те земји лоцирани помеѓу Црното, Балтичкото и Јадранското Море.

Известителот на ЕП за иницијативата, Патрик Жаки (европски конзервативци и реформатори), истакна дека „Три мориња“ има за цел да ги исправи грешките направени по Втората светска војна и влијае на регионите кои се напуштени во последните децении.

Во име на претседателството со Советот на ЕУ, чешкиот министер за европски прашања Микулаш Бек додаде дека иницијативата е насочена кон енергетско поврзување и безбедност и помага да се надмине зависноста од увозот на руски енергетски извори.

Европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон изрази очекување дека „Три мориња“ ќе даде дополнителен поттик за енергетската транзиција, особено во земјите најранливи на руската закана за целосно запирање на испораките на гориво.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот