ЕУ ја постигна целта, 70% од возрасната популација е целосно вакцинирана

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската комисија денеска објави дека 70% од возрасната популација на Европската унија е целосно вакцинирана против Ковид-19, со што ја постигна целта поставена на почетокот на годината.

„70 проценти од возрасните во ЕУ се целосно вакцинирани. Сакам да им се заблагодарам на многуте луѓе што го овозможија ова големо достигнување”, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува Ројтерс.

Бројката потврдува важна пресвртница во стратегијата за вакцинација на ЕУ, но исто така ги маскира големите разлики меѓу земјите-членки, каде некои земји се над целта од 70 проценти, додека други од посиромашниот источен регион се далеку под 70%.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот