ЕУ ја поддржа СЗО по заканите од Трамп

Сега е момент за покажување солидарност, а не закани и поткопување на мултилатералната соработка, изјави портпаролката на Европската комисија, Вирџин Бат.

Европската комисија денеска изрази поддршка за СЗО по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го укине придонесот за оваа агенција, која изминатиот период повеќе пати ја критикуваше за нејзиното водење на кризата од корона вирусот.

– Сега е момент за покажување солидарност, а не закани и поткопување на мултилатералната соработка, изјави портпаролката на Европската комисија, Вирџин Бат, на прашање поставено на конференција за новинари во врска со последните изјави на Трамп за СЗО.

– ЕУ ја поддржува меѓународната соработка за време на кризата, истакна Бат и нагласи дека мултилатералните напори се единствена опција за победа во оваа битка.

Трамп и замери на СЗО тврдејќи дека таа го игнорирала извештајот за појава на вирусот и дека била премногу попустлива кон кинеските власти во однос на нивното водење на пандемијата предизвикана од Ковид – 19.

Американскиот претседател веќе во средината на март го запре американското финансирање на СЗО, а во понеделникот се закани дека истото ќе го одложи на неопределено време доколку ОН не направи значителни подобрувања во рок од 30 дена.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот