ЕУ ја обвини Данска за злоупотреба на името „Фета“ при извозот на познатото сирење

Фета сирење / Фото ARIS MESSINIS / AFP / Profimedia

Данска го прекрши правото на Европската унија со тоа што не ги спречи локалните компании да произведуваат и извезуваат „фета“ сирење надвор од ЕУ, изјави советник на највисокиот европски суд, пренесува Ројтерс.

Мислењето на генералниот адвокат Тамара Капета во Судот на правдата на Европската унија (СЈЕ) со седиште во Луксембург дојде три години откако Европската комисија, извршната власт на ЕУ, ја тужеше Данска поради ова прашање.

„Фета“ е регистрирана заштитена ознака на потекло (ПДО) од 2002 година во ЕУ и може да се произведува само во Грција според сет на производни спецификации.

Грција вели дека фета е нејзино културно наследство затоа што го прави сирењето од овчо и козјо млеко веќе 6.000 години.

„Со неуспехот да ја запре употребата од данските производители на регистрираното име „Фета“ за сирење наменето за извоз во трети земји, Данска не ги исполни своите обврски според правото на ЕУ“, рече Капета.

Таа го отфрли аргументот на Данска дека забраната за извоз може да се смета за пречка за трговијата.

„Главната идеја зад таа регулатива е подобрување на состојбата на земјоделските производители на ЕУ преку обезбедување заштита на интелектуалната сопственост на производите што вклучуваат традиционални начини на производство“, рече Капета.

СПЕУ, кој ќе одлучува во наредните месеци, ги следи ваквите необврзувачки препораки во четири од пет случаи.

Данска има второ најдобро фета сирење во светот, пред неа само САД

Во неодамнешното светско првенство за сирење, Данската фирма Тим Круса со нивното Апетина сирење го зема второто место за најдобро фета сирење во светот.

Пред неа беше американската фирма Кристи Вутрихт со нивното Одисеј Фета сирење.

Грција беше на 9-тото место во оваа категорија, а на тоа место стоеше фирмата Хотос од Лариса со нивното Хотос Органик Фета сирење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот