ЕУ ја критикува Турција заради провокациите во источниот Медитеран

Фото: ЕПА

Лидерите на Европската унија денеска ја критикуваа Турција заради тензиите со Кипар и Грција кои таа додатно ги засили бидејќи повторно испрати истражувачки брод во источното Средоземно море.

„Жал ни е заради акциите и провокациите на Турција“, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за новинарите после претседавањето со самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој рече дека новиот состанок ќе се одржи во декември на кој повторно ќе се процени ситуацијата во источниот Медитеран и во Турција.

Турција го испрати истражувачкиот брод Орук Реис во близина на грчкиот остров Кастелоризо, при што повторно ги зголеми тензиите со Грција заради морските граници и правата на експлоатација на енергија. Со тоа Турција ги зголеми сомнежите за нови разговори во иднина со цел решавање на спорот. Последната рунда на разговори е одржана во 2016 година.

Турција го враќа истражувачкиот брод „Оруч Реис” во источен Медитеран

Тензиите меѓу Грција и Турција се зголемија за време на летото, при што постои страв од вооружен конфликт меѓу двете членки на НАТО, кои се историски регионални ривали.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи, Хами Аксои ја обвини ЕУ дека е неискрена и неконструктивна наместо да „поттикнува дијалог, мир и безусловна позитивна агенда“.

„Треба да се знае дека јазикот на закани нема да има ефект на Турција. Наместо да се заканува на Турција, очекуваме ЕУ да претстави конкретни и непристрасни предлози кои ќе бидат од корист за нашите заеднички интереси“, рече Аксои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот