ЕУ издаде нова социјална обврзница: За заштита на работниците и работните места – 14 милијарди евра

Фото: EPA-EFE/FRANCOIS WALSCHAERTS / POOL

Европската Комисија (ЕК) во име на Европската Унија (ЕУ) ја издаде втората социјална обврзница во вкупна вредност од 14 милијарди евра во насока на заштита на работниците и на работните места што се погодени од последиците од пандемијата со ковид-19.

– Пазарот повторно ни даде доверба пропратена со силен интерес од инвеститорите и поволните услови, што е прекрасна вест за ЕУ како издавач и заемопримач, за пазарот на социјални обврзници, а, пред сè, за граѓаните на ЕУ кои ќе ја добијат потребната финансиска поддршка во овие тешки времиња, изјави еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан.

Издавањето се состои од две обврзници, со отплата од осум милијарди евра во ноември 2025 и шест милијарди евра за отплата во ноември 2050 година.

ЕК кон крајот на октомври издаде воведна социјална обврзница во износ од 17 милијарди евра, средства кои ги поделија Италија, Шпанија и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот