Петер Соренсен ќе биде специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово.

ЕУ избра нов специјален пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија: Соренсен на местото на Лајчак

Амбасадорите на Европската Унија (ЕУ) денеска потврдија дека дипломатот од Данска, Петер Соренсен, ќе биде специјален претставник на блокот за олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија.

Соренсен беше избран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас да го замени Мирослав Лајчак на таа функција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат конечно одобрение в понеделник, за Соренсен да може да го започне својот мандат на почетокот на февруари.

Мандатот на досегашниот пратеник Лајчак истекува на 31 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот