ЕУ и САД очекуваат успешна работа на СПАК

Фото: МИА

Американската амбасадорка, Јури Ким, на објавата на Твитер, наведува дека САД силно го поддржуваат владеењето на правото во Албанија и дека СПАК треба да биде успешно.

Амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца и американската амбасадорка Јури Ким очекуваат успешна работа на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК).

Сореца, по денешната средба со првиот човек на Обвинителството,Арбен Краја, на Твитер напиша дека разговарале за „предизвиците на СПАК, како нова институција”.

„Исто така, разменивме мислења за прераспределување на овластувањата со Државното обвинителство и локалните канцеларии и за спроведувањето на новиот закон за превентивни мерки”, напиша Сореца.

Американската амбасадорка, Јури Ким, на објавата на Твитер, наведува дека САД силно го поддржуваат владеењето на правото во Албанија и дека СПАК треба да биде успешно.

„САД силно го поддржуваат владеењето на правото во Албанија. СПАК треба да успее!”, напиша амбасадорката.

Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал на Албанија официјално почна со работа на 19 декември со давањето заклетва пред шефот на државата,Илир Мета. Брои девет обвинители, а прв човек на институцијата е Арбен Краја,со мандат од три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот