ЕУ и Јапонија го потврдија стратешко партнерство за економско закрепнување

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе и претставниците на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја нагласија важната улога на партнерството на Јапонија и ЕУ во закрепнувањето од последиците од пандемијата со Ковид-19.

Лидерите на Европска Унија и на Јапонија нагласија дека ќе продолжат да ги интензивираат блиските билатерални односи. Стратешкото партнерство помеѓу нив е засновано на долгогодишна соработка и заеднички вредности.

– Стратешкото партнерство бележи успех во многу клучни области, како што е политичката соработка, трговијата и инвестициите, дигиталната трансформација, заштитата на климата и безбедноста, се наведува во зедничкото соопштение на ЕУ и Јапонија.

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе и претставниците на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја нагласија важната улога на партнерството на Јапонија и ЕУ во закрепнувањето од последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека за победа против вирусот и економското закрепнување потребни се глобална солидарност, соработка и ефикасен мултилатеризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот