ЕУ и Балканот жалат поради неотворањето преговори со Скопје и Тирана

На прошталната вечера на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, со лидерите од Западниот Балкан, било изразено жалење за блокадата врз Македонија и Албанија за старт на преговори на последниот ЕУ Самит.

Ова го соопштија од Кабинетот на Могерини по завршувањето на вечерата која се одржа во Брисел вечерва.

– Високата претставничка и лидерите од Западниот Балкан разменија мислења за односите ЕУ-Западен Балкан и настаните во регионот. Тие изразија жалење поради одлуката на Европскиот Совет да не отвори преговори за членство со Северна Македонија и Албанија и се согласија дека ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан останува клучна стратешка цел, во заеднички интерес на ЕУ и на регионот“, порачаа од Кабинетот на Федерика Могерини по средбата.

Могерини и лидерите од сите земји од регионот, освен Еди Рама, разговарале за постигнувањата во последните пет години на релација ЕУ – Западен Балкан и ја повториле нивната „силна заложба” кон европската перспектива и реформите кои произлегуваат од неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот