ЕУ: Хуманитарна помош од 144 милиони евра за бегалците од Венецуела

Фото: МИА

Венецуелската бегалска криза е втора најобемна бегалска криза после Сирија со над пет милиони бегалци.

На донаторската конференција за бегалците од Венецуела, што се одржува попладнево, Европската Унија ќе даде 144,2 милиони евра хуманитарна помош, најави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

Покрај овие фондови од ЕУ, Европската инвестициска банка ќе им позајми 400 милиони евра на земјите кои примаат венецуелски бегалци.

Венецуелската бегалска криза е втора најобемна бегалска криза после Сирија со над пет милиони бегалци, според бројките на Обединетите Нации.

– Јужна Америка е силно погодена од оваа криза, која се влошува сега и со глобалната пандемија од Ковид-19. Бегалци од Венецуела пристигнуваат дури и во Чиле, потсети Борел во својот воведен говор попладнево.

Донаторската конференција има за цел пред сѐ да им помогне на јужноамериканските земји кои примаат венецуелски бегалци. Организатори и коорганизатори се Европската Комисија, Шпанија, Норвешка и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот