ЕУ грантови: Поддршка од 2,4 милиони евра за медиумите во Србија

Европската унија (ЕУ) обезбеди помош за медиумите во Србија во износ од 2,4 милиони евра за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19 во наредните три години, јави агенцијата „Бета“.

Апликантите може да добијат поддршка од 10.000 евра до 150.000 евра, а просечната вредност на грантовите е помеѓу 40.000 и 60.000 евра.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, изјави дека целта на проектот е што е можно поголемо ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19,  зајакнување на медиумското опкружување и истото да се направи понезависно и попрофесионално.

– Медиумите се погодени од двојни тешкотии – економски промени во начинот на водење на бизнис и технолошка трансформација, а во исто време тие мора да ја исполнат главната цел – независно и професионално информирање, рече Фабрици.

Фокусот на ЕУ, кога станува збор за медиумите, е обезбедување амбиент за слобода на изразување, порача Фабрици, оценувајќи дека спроведувањето на принципите на медиумската стратегија, донесена на почетокот на 2020 година, ќе помогне во создавање на поповолен амбиент, што е „клучен елемент за пристапувањето во ЕУ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот