ЕУ го усвои петтиот пакет санкции против Белорусија

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Постојаните претставници на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) го усвоија петтиот пакет санкции против белоруските власти, соопштено е денеска во Брисел.

„Претставниците на ЕУ утринава дадоа зелено светло за петтиот пакет санкции, во кој се опфатени околу 25 физички и правни лица”, изјави претставник на делегацијата на една од членките на ЕУ во Европскиот совет за руската агенција ТАСС.

Како што се наведува, се очекува одлуката да биде објавена во Службен весник на ЕУ и да стапи на сила утре.

Петтиот пакет вклучува санкции наметнати на Минск поради претседателските избори во август 2020 година, кои, според ЕУ, не се одржани на соодветен начин.

Санкциите се индивидуални по природа, бидејќи се насочени кон највисокото раководство на земјата, вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко и членовите на неговото семејство, како и членовите на владата, безбедносните службеници, обвинителите и членовите на судството.

ЕУ веќе воведе четири пакети поединечни санкции, кои се однесуваат на 166 физички и 15 правни лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот