ЕУ го осуди недостатокот на лојалност на САД во кризата со подморници

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го оцени како недостаток на лојалност и транспарентност на САД кон кризата со раскинување на договорот на Австралија за купување француски подморници во рамките на новото стратешко партнерство на САД, Велика Британија и Австралија.

 

“Основните принципи меѓу сојузниците се транспарентноста и довербата, и таа оди заедно. И што гледаме сега? Очигледен недостаток на транспарентност и лојалност”, рече Мишел пред новинарите во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН.

Мишел рече дека Европската унија (ЕУ) бара појаснувања од Вашингтон за да ги разбере намерите на стратешкото партнерство на трите земји, бидејќи тоа во овој момент за Брисел е неразбирливо.

Соединетите држави, Велика Британија и Австралија на 15 септември објавија ново партнерство во индо-пацифичкиот регион, но тие земји не ја консултираа Франција, која загуби вреден договор за испорака на подморници во Австралија.

На тој ден, ЕУ се чувствува како игнорирана од американскиот претседател Џозеф Бајден, како во времето на неговиот претходник Доналд Трамп.

За време на поранешниот претседател на САД, „барем беше јасно дека според неговиот тон и обраќање, ЕУ не е партнер и неопходен сојузник (за САД)“, рече Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот