ЕУ го осуди државниот удар во Буркина Фасо

Африканската држава Буркина Фасо/ Фото: EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Европската унија го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, како и влошувањето на безбедносната и хуманитарната ситуација во таа земја.

Превратот „ги загрозува напорите кои се во тек веќе неколку месеци, а особено мислам на вмешаноста на ЕКОВАС (Економската заедница на западноафриканските држави) која ја надгледува транзицијата“, рече шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

„Европската унија повикува на почитување на преземените обврски, кои беа основа на договорот постигнат со ECOWAS на 3 јули. Целта на договорот е да се поддржи Буркина Фасо на патот кон враќање на уставниот поредок најдоцна до 1 јули , 2024 година“, се вели во изјавата на Борел.

Буркина Фасо, една од посиромашните земји во регионот Сахел, во петокот го претрпе вториот државен удар во последните осум месеци, соборувајќи го потполковникот Пол-Анри Сандаог Дамиба.

Тој дојде на власт по државниот удар на крајот на јануари. Новиот човек на чело на земјата е 34-годишниот капетан Ибрахим Траоре, шеф на единицата за специјални сили Кобра, која се бори против џихадистите во регионот Каји на северот од земјата.

На северот и на истокот од земјата, во делот од земјата каде градовите се под блокада, ги засилија нападите во кои има многу загинати. Во септември беа нападнати два хуманитарни конвои. Во двата напади имаше многу жртви.

Истрели утрово повторно одекнаа во главниот град на Буркина Фасо, а силно вооружените безбедносни сили движат низ центарот, само еден ден откако претседателот Пол-Анри Дамиба беше соборен од власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот