ЕУ го казни Амазон со речиси 900 милиони долари

Знаме на ЕУ / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската унија го казни Амазон со 886,6 милиони долари (746 милиони евра) за обработка на лични податоци, со што е прекршена Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци (ГДПР).

Луксембуршката национална комисија за заштита на податоци (ЦНПД) го осуди Амазон Европа со одлука на 16 јули, соопшти гигантот за е-продажба во поднесокот доставен до регулаторите.

– Веруваме дека одлуката на ЦНПД е неоснована и имаме намера енергично да се браниме по ова прашање, се вели во поднесокот.

ГДПР бара компаниите да бараат согласност од луѓето пред да ги користат нивните лични податоци, во спротивно се соочуваат со големи казни.

Американскиот Волстрит Џурнал во јуни, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, јави дека компанијата може да биде казнета со повеќе од 425 милиони долари според законот за приватност на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот