ЕУ ги злоупотребува земјите од Западен Балкан, вели Зоран Милановиќ

Зоран Милановиќ /Фото EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска чекала долго за да стане членка на ЕУ, но тоа не е многу време во споредба со земјите од Западен Балкан.

„Многумина ја замислуваат Европската унија како федерација, која според мене никогаш не смее да стане. Јас лично ќе се борам против тоа“, рече Милановиќ во своето воведно обраќање на конференцијата „10 години Република Хрватска во Европската унија“.

Тој рече дека се противи на идејата за федерална држава и за „Брисел кој би ги заменил Белград, Будимпешта, Виена…“

„Не сакам повторно да имаме еден центар на моќ“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот