ЕУ ги заостри мерките: Зголемени рестрикции за влез на патници од земји кои не се членки

гужва коли автомобили редица унгарија граница

Европската унија денеска ги заостри своите правила за патниците надвор од блокот, прецизирајќи дека ќе биде дозволен слободен влез само за лица од земји со многу малку случаи на коронавирус и речиси ниту еден од новите лесно преносливи видови.

Амбасадорите на ЕУ се сложија на состанокот во Брисел за новите ограничувања за патувања за земјите кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, рекол дипломат од ЕУ за Ројтерс.

Истовремено, земјите од ЕУ се поттикнуваат да дозволат пристап без ограничувања, како задолжителен карантин, само под строги услови.

Новите мерки предвидуваат дека патник може да дојде од земја надвор од ЕУ само ако во неа нема повеќе од 25 случаи на ковид на 100.000 жители за време на 14 дена, што е стапка на зараза пониска отколку што е во било која земја на ЕУ.

Исто така се предвидува и брзо воведување на ограничување на патување за патници од земји во кои е откриена голема зачестеност на позаразни видови на коронавирус, се наведува во текстот.

Договорот на земјите од ЕУ, инаку се однесува на некои помалку важни патувања и служи како насока на земјите од ЕУ, кои го имаат конечниот збор. Така некои земји од ЕУ како Германија воведоа строги ограничувања, додека Белгија забрани помалку важни патувања во земјата или надвор од неа до март.

Минатиот четврток, ЕУ ја тргна Јапонија од листата на земји од која патниците може да го посетат блокот без ограничувања поврзани со ковид.

На списокот сега се Австралија, Кина, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд, иако вклучувањето на Кина зависи од тоа дали таа дозволува влез на патниците од ЕУ.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот