ЕУ ги ревидира правилата за патување: Олабавени рестрикциите за шест земји, меѓу нив и Руанда

Фото: mia.mk

Советот на Европската Унија (ЕУ) денеска прифати да ги олесни рестрикциите за патувања од и кон шест земји врз основа на епидемиолошката состојба. Станува збор за граѓаните на Австралија, на Нов Зеланд, на Руанда, на Сингапур, на Јужна Кореjа и на Тајланд.

ЕУ ги ревидира правилата за патување кон трети земји на секои две недели врз основа на еволуцијата на епидемиолошката состојба.

Што се однесува до Кина, Хонгконг и Макао, ЕУ е во исчекување на реципроцитетни мерки пред да одобри укинување на рестрикциите.

Олеснувањата важат за земјите од ЕУ и за четирите Шенген партнери – Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот