ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија поради Крим

ЕУ сè уште не ја признава незаконската анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација.

ЕУ ги обнови на уште една година санкциите воведени како одговор на незаконската анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација.

Советот на ЕУ потсетува дека рестриктивните мерки се однесуваат на забраната за увоз на производи со потекло од Крим или Севастопол во ЕУ, но и забрана за инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на Крим или Севастопол.

ЕУ, исто така, го ограничи извозот на одредени стоки и технологии на кримските компании или за употреба на Крим во секторите транспорт, телекомуникации и енергетика, вклучително и истражување и производство на нафта, гас и минерални суровини.

Брисел потенцира дека ЕУ сè уште не ја признава незаконската анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација и продолжува да го осудува ова „кршење на меѓународните закони”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот