ЕУ ги повика сите страни да се воздржат од зголемување на тензиите во Хонг Конг – Слободен печат
ВестиПланета

ЕУ ги повика сите страни да се воздржат од зголемување на тензиите во Хонг Конг

Официјален Пекинг соопшти дека војската и единици на разузнавачките служби почнале голема воена вежба, која не е поврзана со протестите,

Европската унија ги повикува „сите страни” да се воздржат во услови на растечки тензии и немири во Хонг Конг.

– Со оглед на постојаните немири и зголемувањето на насилните инциденти во Хонг Конг, клучно е сите страни да покажат воздржаност, да отфрлат секаков вид насилство и да преземат итни чекори за деескалација на ситуација – изјави портпарол на ЕУ.

– Сега е поважно од кога и да било да се иницирао политички процес на широк и инклузивен дијалог, во кој ќе учествуваат сите клучни засегнати страни, порача претставникот на Унијата.

Во меѓувреме, полициски интервентни сили упаднаа на аеродромот во Хонг Конг и по кусо судир со демонтрантите, се повлекоа и го напуштија аеродромот. Претходно, најмалку пет полициски комбиња дојдоа до аеродромот, но протестирачите не дозволија да влезат во аеродромската зграда.

Демонстрантите кои неколку дена го окупираат аеродромот во Хонг Конг, поради што од вчера откажани се сите летови од него. Голем број меѓународни патници се заглавени на аеродромот во Хонг Конг поради протестите.

Втор ден летовите од аеродромот во Хонг Конг се во прекин поради протестите откако демонстрантите ги зазедоа сите терминали, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како оклопни транспортери на Народната полиција одржуваат вежби во Шенжен.

Официјален Пекинг соопшти дека војската и единици на разузнавачките служби почнале голема воена вежба, која не е поврзана со протестите, а се одржува во Шенжен, оддалечен 25 километри од Хонг Конг.

Претходно официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина „Пипл дејли” објави дека Народната вооружена полиција во Шенжен е подготвена да спречи „немири, вознемирување, големо насилство и злосторство и прашања на социјално обезбедување поврзано со тероризмот”.

Додека кинеското издание на „Глобал тајмс” утрово објави дека „доколку демонстрантите во Хонг Конг не можат да го прочитаат сигналот за вооружената полиција која е во Шенжен, тогаш тие бараат самоуништување”.

Поранешната британска колонија Хонг Конг со месеци е зафатена со протести, првично насочени против предлог-законот за екстрадиција и гонење во Кина, за да прерасне во барања за поголема демократија. Од почетокот на протестните митинзи во јуни, полицијата уапси повеќе од 600 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close