ЕУ ги олеснува мерките за авионскиот сектор

Авион / Фото: Архива

Европската Унија денеска одобри ревидирани флексибилни правила за авионскиот сектор кој е еден од најпогодените од пандемијата, за да се намалат загубите и последиците врз животната средина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Советот на ЕУ одобри продолжување на дозволите за летање на авиокомпаниите. Во редовни услови, компаниите мораат да реализираат најмалку 80 отсто од нивните летови ако сакаат да ги задржат во распоредот за летање следната година, што во услови на драстичен пад на активноста на авиотранспортот преставува ризик за индустријата и опасност за животната средина.

Поради ова Европската Комисија ќе дозволи компаниите да имаат можност да откажат 50 отсто од летовите пред почетокот на летната сезона, но сепак ќе мораат да задржат најмалку 50 отсто за да им останат важечки следната година. Се резервира опција за модификација на минималната стапка на искористеност помеѓу 30 и 70 отсто во наредната година, одлучија земјите членки, со цел да се остане флексибилен за потребите на секторот.

Новите правила усвоени денеска исто така ќе ги покријат и другите превозни средства, не само воздушните.

Доколку една земја членка одлучи да не се придружи кон опцијата за изземање од новите флексибилни правила, таа сепак ќе има обврска да ги признае новите документи и правила за возилата од други земји членки кои се дел од новиот систем за да не се попречи прекуграничното движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот