ЕУ ги „дере“ големите технолошки компании за наводни „ситни“ грешки

Непочитувањето на прописите за заштита на личните податоци на граѓаните е најголемиот камен на сопнување меѓу технолошките гиганти и Европската унија Правото на приватност е растечки камен на сопнување меѓу глобалните, обично американски, технолошки компании кои управуваат со социјалните мрежи, онлајн продавниците и платформите за стриминг, и Европската унија, која има прилично строги регулативи околу Општата регулатива за заштита на податоците (ЏДПР).
Иако со години се изрекуваат казни на Фејсбук, Aмазон, Гугл и други, неодамна токму Фејсбук во Ирска беше казнет со рекордна казна од над една милијарда евра.
Ирската Комисија за заштита на податоците објави дека Мета го прекршила ЏДПР кога префрлила групи на лични податоци на европските корисници на Фејсбук во Соединетите Држави без соодветно да ги заштити, и за тоа е казнет со рекордни 1,2 милијарди евра или 1,3 милијарди долари.
Тоа е најголемата казна изречена поради ЏДПР. Досега најголемата казна беше 746 милиони евра, која ЕУ ја изрече на Aмазон.ком. Ирскиот регулатор за заштита на приватноста, покрај паричната казна, на Мета и наложи во рок од пет месеци да ја запре практиката на пренос на кориснички податоци од ЕУ во САД.