ЕУ, Франција, Германија и Велика Британија бараат Иран да се придржува до нуклеарниот договор

Шефицата на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини, Франција, Германија и Велика Британија денеска го повика Иран да се придржува кон нуклеарниот договор склучен во 2015 година, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочи со нови санкции.

Претставници на трите земји и Могерини изразија загриженост во врска со минатонеделната одлука на Иран минатата за повторно да почне со збогатувањето на ураниум, потенцирајќи дека овој потег не е во согласност со договорот од 2015 година (ЈЦПОА).

„Ние ја потенцираме нашата подготвеност да ги разгледаме сите механизми на ЈЦПОА, вклучително и спорниот механизам на резолуцијата, со цел да ги решиме сите прашања поврзани со спроведувањето на ЈЦПОА во согласност со обврските на Иран”, се вели во заедничката изјава на Могерини, Франција, Германија и Велика Британија.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека открила збогатен ураниум „на локација што Иран не ја пријавил на Агенцијата”. Првпат во извештај на МААЕ се истакнува дека наводите на САД и Израел за Иран се точни. Во доверливиот извештај предаден до земјите-членки локацијата на која е откриен ураниумот не е идентификувана.

Израел и САД тврдат дека местото се наоѓа во предградие на Техеран, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно зборуваше за „тајно атомско засолниште”.

Израелските власти тврдеа дека материјалот од таа локација потекнува од иранската воена програма, која вклучува и изработка на нуклеарно оружје.

Иран негира дека сака да се стекне со нуклеарно оружје и тврди дека нуклеарната програма е наменета за цивилни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот