ЕУ е подготвена да преговара за продолжување на финансиската поддршка за Турција околу мигрантите

Фото: Борче Поповски

Договорот, според кој европскиот блок издвои шест милијарди евра до крајот на минатата година, значително го намали бројот на сириските бегалци кои пристигнуваат во европските земји.

Европската унија е подготвена да разговара за натамошна поддршка на Турција околу сириските бегалци, изјави денеска новиот известувач на Европскиот Парламент за Турција, Начо Санчез Амор, опишувајќи ја соработката во врска со тоа прашање како канал за нормализирање на заострените односи.

Турција се договори со ЕУ во 2016 година да прекине мигрантскиот бран во Европа кој дојде од Сирија поради граѓанската војна, а за возврат да добие финансиска поддршка за околу 3,6 милиони бегалцци кои се наоѓаат во Турција.

Договорот, според кој европскиот блок издвои шест милијарди евра до крајот на минатата година, значително го намали бројот на сириските бегалци кои пристигнуваат во европските земји.

Амор истакна дека договорот постигнал резултати, но сириската бегалска криза се уште трае и би можела да се влоши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот