ЕУ донира модерен компјутерски томограф во кавадаречката болница

Фото: СДК.мк

Кавадаречката болница денеска доби компјутерски томограф со високи перформанси „Филипс“, донација од ЕУ вредна 400.000 евра.

„Апаратот е еден до најсовремените и најсофистицирани во светот. За првпат ваков апарат се инсталира во нашата болница. Докторите и рендген техничарите минаа низ соодветна обука и едукација, извршени беа мерења и добиена е дозвола за работа од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност“, рече на свеченото примопредавање директорот на болницата, д-р Диме Коцев, директор на Општа болница Кавадарци, како што пренесува „Фокус“.

Со употребата на новиот апарат ќе се растоварат листите за чекање во другите болници, очекуваат здравствените власти.

„Компјутерскиот томограф отвора перспектива за навремено дијагностицирање на многу заболувања. Тоа е апарат со кој ќе се детектираат итни случаи и животно загрозувачки состојби на пациенти од централниот дел на Македонија“, изјави Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот