ЕУ дипломатите го одобрија шестиот пакет санкции против Русија

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Дипломатите на Европската Унија најпосле дадоа одобрување за шестиот пакет санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.

Санкциите вклучуваат делумна забрана на нафтата и го исклучуваат најголемиот руски заемодавач Сбербанк од меѓународната СВИФТ платформа.

Унгарија неколкупати ја блокираше потребната едногласност на сите 27 членки, поради свои национални барања, првенствено околу исклучоци од ембаргото за нафтата.

Неименуван дипломат вчера изјави дека конечно е можен договор, откако останатите 26 земји, се согласија од црната листа на моќници под санкции од ЕУ, да се исклучи поглаварот на Руската православна црква и близок сојузник на Кремљ, патријархот Кирил, со цел да ја смират Будимпешта.

Се очекува договорот од утре да стапи во сила, доколку некоја членка не поднесе приговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот