ЕУ: Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи во јули

Портпаролот додаде дека точниот датум ќе биде соопштен подоцна.

Европската унија потврди дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, замрзнат од 2018, повторно ќе започне во текот на јули, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го потврди портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.

-ЕУ е посветена да продолжи целосно ангажирано да работи на рестартирање на дијалогот, за тоа најдобар доказ е назначувањето на Специјалниот претставник, Мирослав Лајчак, кој изминативе денови беше во Приштина и во Србија, и како резултат на неговите контакти и активност, дијалогот би требало да се рестартира во јули, рече Стано.

Портпаролот додаде дека точниот датум ќе биде соопштен подоцна.

Во меѓувреме се очекува кон крајот на оваа недела лидерите на Косово и на Србија да отпатуваат за Брисел, за индивидуални посети и средби во ЕУ институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот