ЕУ: Членките на СЗО потранспарентно да известуваат за пандемијата

epa08757547 Members of the European Parliament (MEPs) observe a miunte of silence for French school teacher Samuel Paty who was decapitated on 16 October in Conflans-Sainte-Honorine, in the Hemicycle of the European Parliament prior a plenary session, in Brussels, Belgium, 19 October 2020. The plenary session that was scheduled to be held in Strasbourg will take place in a scaled-down, mostly virtual format in Brussels due to the ongoing coronavirus pandemic. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европската унија формулираше нацрт-предлог за реформите што треба да се спроведат во рамките на Светската здравствена организација, во кој се истакнува дека членките на СЗО треба да покажат поголема транспарентност кога станува збор за начинот на известување за пандемијата.

Документот е составен на 19 октомври, по разговорите на германската Влада и другите членки на ЕУ.

Во документот, ЕУ ја повикува СЗО да донесе мерки што ќе ја зголемат „транспарентноста на националната усогласеност” со меѓународните здравствени протоколи и ги повикува своите членки брзо да разменуваат информации за пандемијата.

Меѓу многуте предизвици со кои се соочува СЗО, ЕУ ја истакнува недоволната транспарентност и недостиг на предвидливо и одржливо финансирање.

ЕУ исто така повикува на воспоставување поефикасен систем за известување на земјите-членки на Секретаријатот на СЗО, кој ќе се применува конзистентно.

Како што пренесуваат странските агенции, ова се надоврзува на критиките кон Кина и другите земји за ненавремено споделување информации за пандемијата.

Документот исто така ја истакнува поддршката на Унијата на СЗО и централната улога на оваа организација во одговор на глобалните здравствени предизвици.

СЗО и Пекинг не одговорија на барањето за коментар по повод нацрт-предлозите изготвени од членките на ЕУ.

Германската Влада исто така одби да ја коментира содржината на овој документ, бидејќи станува збор за нацрт-предлог, а не за неговата конечна верзија.

Нацрт-предлогот следната недела на видео-конференција ќе го дискутираат министрите за здравство на ЕУ со цел формирање заеднички став пред собранието на СЗО, закажано за средината на ноември. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот