ЕУ бара од Турција да биде конструктивна во решавањето на спорот во источен Медитеранот

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел синоќа предупреди дека сите „опции остануваат на маса” во одбраната на интересите на Европската унија (ЕУ), доколку Турција не биде конструктивна во решавањето на спорот во источниот дел на Средоземното Море.

Грција, членка на ЕУ, и Турција, партнер на Грција во НАТО, во моментов се во спор околу разграничувањето на зоната за експлоатација на гас во источниот дел на Медитеранот. Ова прашање ќе се дискутира на самитот на ЕУ во четврток и петок во Брисел.

Во поканата за самитот, Мишел информира дека вечерата на лидерите на ЕУ во четврток вечер ќе биде исклучиво посветена на ситуацијата во источниот Медитеран и на односите со Турција.

– Нашата цел е да создадеме простор за конструктивен дијалог со Турција со цел да се постигне стабилност и безбедност во целиот регион и да се гарантира целосно почитување на суверенитетот и суверените права на сите земји-членки на ЕУ, наведе Мишел во писмото.

Претседателот на Европскиот совет додаде дека тоа е можно само ако Турција биде конструктивна.

– Сите опции остануваат на маса за одбрана на легитимните интереси на ЕУ и нејзините членки, додаде Мишел.

Покрај источниот Медитеран, самитот на ЕУ ќе се фокусира на ситуацијата во Белорусија, труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и ситуацијата во регионот Нагорно Карабах, каде се судираат безбедносните сили на Азербејџан и Ерменија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот