ЕУ бара од Куба да ги ослободи уапсените демонстранти

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Европската Унија побара од Куба да ги ослободи уапсените демонстранти кои со денови протестираа на улиците во Хавана. 

„Многу сме загрижени поради состојбата на уапсените демонстрант и новинари од протестите кои беа одржани на 11-ти јули во делови на земјата“ изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел. 

Илјадници Кубанци на 11-ти и 12-ти јули излегоа на улиците повикувајќи на „слобода“ и „пад на диктатурата“ поради кризата во која се наоѓа државата во изминативе години поради пандемијата. 

„Ги повикуваме кубанските власти да ги ослободат уапсените демонстранти и да ги послушаат своите граѓани“ изјави Борел. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот