ЕУ бара ИТНО затворање на кампот на илегални мигранти во БиХ

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина денеска се придружи на барањата на повеќе меѓународни организации за итно затворање на кампот на илегални мигранти на локалитетот Вучјак, кај Бихаќ, и ги повика властите во БиХ сериозно да се соочат со предизвиците кои ги носи мигрантската криза.

„Делегацијата на Европската унија ги повикува сите нивоа на власт итно да се соочат со предизвикот кој за БиХ претставува протокот на мигранти. Сите нивоа на власт мора да ги зајакнат своите напори и да преземат одговорност”, се наведува во соопштението за јавност од Канцеларијата на ЕУ.

Според полициски проценки, во БиХ во моментов престојуваат околу шест илјади илегални мигранти.

Во соопштението од ЕУ се „осудува присилниот трансфер на стотици мигранти во импровизираното засолниште Вучјек, спроведувано од полицијата на Унско-санската жупанија”. „Во нашите разговори со сите релевантни власти јасно кажавме дека засолништето Вучјак мора да биде затворено. Не само што е небезбедно, туку е и недостојна локација. Властите во градот Бихаќ и Унско-Санскиот кантон досега овој проблем го носеа на свој грб. Не смеат да бидат оставени сами”, се посочува во пораката од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот