Етиопскиот премиер ја одби меѓународната заедница за конфликтот во неговата земја: Сами ќе се справиме, ако треба ќе ве повикаме

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM / POOL MANDATORY CREDIT
Етиопскиот премиер Абиj Ахмед денескa ги отфрли меѓународните апели за дијалог и запирање на борбите во регионот Тиграј, нарекувајќи ги „мешање” во внатрешните работи и рече дека неговата земја сама ќе се справи со конфликтот.
Етиопија „ја цени добронамерната грижа на нашите пријатели, но ние отфрламе какво било мешање во нашите внатрешни работи”, соопшти кабинетот на етиопскиот премиер Абиј Ахмед, непосредно пред истекот на неговиот 72-часовен ултиматум до регионалните водачи на Тиграј да се предадат.

– Меѓународната заедница треба да се држи настрана, се додека етиопската влада не поднесе барање за помош до заедницата на држави. Ние со почит ја повикуваме меѓународната заедница да се воздржи од какви било несакани и незаконски акти на мешање, се вели во соопштението.

Премиерот Абиј, добитник на Нобеловата награда за мир во 2019 година, инсистира на тоа судирот да го нарекува операција „за спроведување на законот”, додека тенкови го опколија главниот град на Тиграј, Мекеле, за конечна акција за апсење на лидерот на Ослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ).

Абиј ги предупреди жителите на половина милионскиот град да се дистанцираат од водачот на Фронтот, во спротивно нема да има „милост”, за што шефот за човекови права на ОН предупреди дека може да доведат до понатамошно кршење на меѓународното хуманитарно право.
Комуникациите се скоро целосно прекинати со регионот Тиграј со околу шест милиони жители, што ги отежнува напорите за проверка на тврдењата на завојуваните страни. Под овие околности, не е јасно колку луѓе во Мекеле знаат за предупредувањата и заканата од артилериски оган во наредните часови.
На 4 ноември, премиерот на Етиопија започна воена офанзива против силите на ТПЛФ кои управуваат со тој регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот